Капацитет
Сместувачкиот капацитет на прифатниот центар за баратели на азил е 150 легла и ги исполнува барањата во однос на здравствената состојба и човековото достоинство. Имено, прифатниот центар за баратели на азил влучува 3 објекти од кои едниот е управна зграда во која се сместени канцелариите на персоналот вработен во установата од страна на Министерството за труд и социјална политика, канцеларии на Министерството на внатрешни работи, канцеларија на УНХЦР, канцеларија на невладина организација ЈРС и Милосрдие, канцеларија на невладина организација Македонско здружение на млади правници, канцеларија на невладина организација Отворена порта, карантинска просторија во која се врши првичниот прием на барателите на азил, просторија за посета на барателите на азил, просторија за компјутери наменета за барателите на азил, кујна во која се дистрибуира храната за барателите на азил и амбуланта во која се дава примарна здравствена заштита на барателите на азил.
Останатите два објекта се наменети за сместување на барателите на азил. Едниот објект е со капацитет за сместување на 110 баратели на азил, во него се предвидени 4 простора за дневен престој и 26 спални соби, додека пак другиот објект е со капацитет на сместување на 40 баратели на азил, и во него се предвидени два простора за дневен престој и 10 спални соби. Прифатниот центар вклучува посебно сместување на семејни групи (вклучително и самохрани родители) со деца под 18годишна возраст и семејства во кои некои од децата се над 18 години, некои под 18 години возраст (начелото е семејните групи да не се одвојуваат); сместување на неженети мажи;сместување на немажени жени; сместување за хендикепирани лица;сместување за лица со пречки во менталниот развој и сместување за малолетници, во однос на здравствената заштитана барателите на азилво прифатниот центар изградена е амбулантаво која ординира доктор два пати во недлата и медицинска сестра која ординира три пати во неделата.
Баратели на азил
Од отварањето на ЈУ Прифатниот центар за баратели на азил до денес во центарот се згрижени вкупно 4000 баратели на азил, од кои најголемиот дел на баратели на азил се од Авганистан, Сирија, Палестина, Пакистан и Сомалија. Од почетокот на оваа година до 30.9.2014 згрижени се вкупно 900 баратели на азил од кои најголем дел се од Сирија, а потоа следуваат Авганистан, Пакистан, Еритреа и др.
Во моментов во ЈУ Прифатниот центар за баратели на азил згрижени се 46 баратели на азил од кои најголем број се од Сирија. Од згрижените баратели на азил 33 баратели се самци, три фамилии со осум малолетни деца и еден е малолетник без придружба на старател. Престојот на барателите на азил во центарот трае околу 3 месеци.