ЈАВЕН ОГЛАС за вработување на  2 (два) извршители на неопределено работно време

 

          Врз основа на член 110-е од Законот за социјална заштита (Службен весник на РМ број 79/09, 36/11, 51/11, 166/12, 15/13, 79/13, 164/13, 187/13, 38/14, 44/14, 116/14, 189/14, 33/15, 72/15, 104/15, 150/15, 173/15, 192/15 и 30/16, 163/17 и 51/18), и член 20-г и 21 точка 1 и 2 од Законот за вработените во јавниот сектор („Службен весник на РМ” бр. 27/14, 109/14, 199/14 и 27/16 и 35/18) Директорот на  ЈУ за сместување на лица баратели на право на азил-Скопје, распишува

ЈАВЕН ОГЛАС

за вработување на  2 (два) извршители на неопределено работно време во

ЈУ за сместување на лица баратели на право на азил-Скопје

ЈУ за сместување на лица баратели на право на азил-Скопје, објавува оглас за вработување на 2 (два) извршители на неопределено работно време на следните позиции:

 

  1. СО30303А05003 Психолог Самостоен стручен службеник од шесто ниво 1 (еден) извршител
  2. СО30303А06002 Дипл. правник Самостоен стручен службеник од шесто ниво 1  (еден) извршител

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните општи услови утврдени  со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ за сместување на лица баратели на право на азил-Скопје (за сите кандидати):
-да е државјанин на Република Македонија;

-активно да го користи македонскиот јазик;

-да е полнолетен;

-да има општа здравствена способност за работното место и

-со правосилна судска пресуда да не му е изречена казна забрана на вршење професија, дејност или должност.

 

Кандидатите треба да ги исполнуваат следните посебни услови утврдени со Правилникот за систематизација на работните места во ЈУ за сместување на лица баратели на право на азил-Скопје за работното место под реден број 1 (еден) и за  работно место под реден број 2 (два):

  1. Посебни услови утврдени со Законот за социјалната заштита за давателите на услугите во областа од социјалната заштита од категоријата А – стручни се:
  • Стручни квалификации и работно искуство и тоа:

За нивото А6 стекнати најмалку 180 кредити според ЕКТС или завршен VII/1 степен, без, или со најмалку една година работно искуство во областа на социјалната заштита.

Активно познавање на компјутерски програми за канцелариско работење,

Општи работни компетенции на средно ниво

-Учење и развој,

-Комуникација,

-Остварување резултати,

-Работење со други/тимска работа,

-Ориентираност кон странките/засегнати страни и

-Финансиско управување.

Право на учество имаат сите граѓани на Република Македонија кои ги исполнуваат условите за конкурирање. Кандидатите со пријавата треба да ги достават доказите за исполнување на условите, во оригинална форма или копија заверена кај нотар.

Кандидатите за сите работни позиции, потребно е да ги достават следните документи:

Доказ за државјанство;

Доказ дека не им е изречена забрана на вршење професија, дејност или должност;
Уверение / диплома за завршен степен на образование;

Доказ познавање на компјутерски програми за канцелариско работење

Кратка биографија;

Писмо за мотивација.

Распоред на работно време: работни часови во неделата: 40, работно време од понеделник до петок од 08:30 до 16:30 часот.

Паричниот износ на основната нето плата изнесува 23.181,00 денари.

Со избраните кандидати ќе се склучи договор за вработување на неопределено работно време.

Вработувањето е на неопределено работно време.
Рокот за доставување на пријавите со потребните документи изнесува 5(пет) работни дена сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на самото објавување). Условите наведени во огласот, кандидатите треба да ги исполнуваат во моментот на пријавувањето.

Пријавените кандидати на јавниот оглас ќе бидат известени за времето и местото на проверка на докумените и спроведување на интервју.

Пријавата со потребната документација треба да се достави до архивата на: ЈУ за сместување на лица баратели на право на азил-Скопје, или по пошта на следната адреса:

ул. ,,Визбегово,, бб ,Скопје

со назнака „за јавен оглас“

Лице за контакт Владимир Бислимовски

Контакт телефон 070620206

 

ЈУ за сместување на лица баратели

на право на азил-Скопје